Објавено на 21 Март, 2023 во Вести
Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер ЈАКО го претставуваат новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација.
Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија. Дизајнот на новиот дрес останува верен на македонското фудбалско наследство, додека резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите.
Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост.
Стилските букви на презимињата и броевите на дресовите се во духот на нашата историја и традиција, со оглед на тоа што се инспирирани од кирилицата.
- Исклучително сум горд што имам привилегија да го носам прекрасниот македонски дрес. Со нетрпение очекувам да го облечеме новиот дрес кој ја следи препознатливата традиција. Нашиот дрес со сонце е еден од најпрепознатливите и сигурен сум дека ќе биде многу популарен меѓу нашите навивачи, изјави капитенот македонската репрезентација, Стефан Ристовски.
Фудбалерките на Љуботен третпат во низа го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во денешното финале, Љуботен славеше...