Времеплов

Објавено на 09 Мај, 2014 во


Историја на фудбалот во Македонија

• Почетоците на фудбалската игра во Македонија датираат од 19-тиот век;

• Првиот официјален натпревар е одигран на 20 април 1919 година меќу селекцијата на англиската војска и младински тим од Скопје;

• Во чест на тој натпревар и како спомен за него, како и по повод – 70 години фудбал во Македонија, во 1978 година беше подигнат споменик;


• „Вардар“ од Скопје е првиот регистриран фудбалски клуб во 1912 година;

• За време на Втората светска војна, селекцијата на македонските клубови играше против селекцијата на германската и на бугарската армија. Многу македонски играчи биле и дел од бугарскиот национален тим;

• Во 1945 година, веднаш позавршувањето на Втората светска војна, оформен е првиот фудбалски оддел во скопското спортско здружение, под претседателство на Густав Влахов. Фудбалската секција е одвоена на 16 август 1948 година и формиран е Фудбалскиот сојуз на Македонија, на 14 август 1949 година, како дел од Фудбалскиот сојуз на Југославија;

• На 7 февруари 1993 година Фудбалски сојуз на Македонија го организира првото независно собрание;

• Во 1994 година, Македонија стана полноправна членка на ФИФА и на УЕФА;

• Во 2003 година Фудбалскиот сојуз на Македонија се преименува во Фудбалска Федерација на Македонија - ФФМ





   
   
Актуелности
Календар

02 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Светско

05 Сеп

20:45 Македонија - Албанија
    А репрезентација квалификации за Светско
А репрезентација