ФФМ

Објавено на 09 Мај, 2014 во


Фудбалската федерација на Македонија има привилигија, одговорност и можност да го управува фудбалот во Македонија во сите негови аспекти.

Развојот на аматерскиот и на професионалниот фудбал го остваруваме во партнерство и во соработка со ФИФА и со УЕФА, како фудбалски организации во коишто сме полноправни членки, со Владата на Република Македонија, со стопанството и секако, со спонзорите.

Преземајќи ја улогата, а со тоа и одговорноста да се биде во фудбалот, ние мора да се адаптираме на околностите кои постојано се менуваат и се развиваат. Ние мора да се соочиме со сите нови предизвици кои ги носи фудбалот во светот. Мора да поставуваме нови цели кои ќе не водат до успех, на фер-начин и со вистински вредности. Секоја година, ќе се трудиме да бидеме и спортски и организаторски и административни победници.

Нашата мисија е да и служиме и да ја водиме Фудбалската федерација на Македонија кон остварување резултати и со успешно водство да градиме интегритет за, во целост, да ја сочуваме фудбалеката игра. Да ја заштитиме и да се грижиме за фудбалската иднина, преку јакнење победнички менталитет и преку овозможен пристап на сите кои сакаат да бидат дел од фудбалот во Македонија. Наша мисија е да соработуваме со локалните и со регионалните организации и здруженија, клубови, лиги, гледачи, навивачи и со останати страни кои ја водат играта и го забрзуваат растот, развојот и континуитетот на македонскиот фудбал.

ФФМ е во тесна соработка и со тенденција да ги засилуваме релациите со ФИФА и УЕФА, организации кои имаат занчајна улога во развојот на фудбалот, во промоција на здравјето и во едукацијата во Македонија, во соседството и во светски рамки.

Македонскиот фудбал е еден од најголемите наши амбасадори, промотор на фер-игра, на социјално и општествено вклучување, промотор на здравје и едукација во нашето општество. Наша мисија е да ги штитиме вредностите и клучните принципи на фудбалската игра, како што се: интегритетот, различноста, дигнитетот, правилата на игра, судиите, противниците и поддржувачите, со цел да го заштитиме вистинскиот дух на нашата игра.

Нашата визија е да станеме почитувана фудбалска организација, во земјава и надвор од неа, организација која им служи на сите заинтересирани за фудбалската игра во земјава. Посветени сме на почитување на фудбалската игра и на нашите противници со „фер-плеј“, со одговорност и почит кон сите индивидуи, без разлика дали се играчи, гледачи, навивачи, поддржувачи, партнери или тоа е самото општество, законот и правилата на игра, што претставува наша одговорност кон меѓународното фудбалско семејство.




   
   
А репрезентација