Објавено на 13 Мај, 2025 во Вести
Репрезентацијата на Македонија до 14 години беше поразена со 3:1 од соодветната селекција на Словенија во рамките на првата контролна средба одиграна помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски".
Арон Вучиќ во 37. минута ја донесе репрезентацијата на Словенија во предност од 1:0. Две минути подоцна Јован Јанчевски го израмнува резултатот. Али Каан во 42. минута повторно ја врати предноста на протвникот.
Во продолжението, репрезентацијата на Словенија преку Анте Мачукат во 90. минута ги постави конечните 3:1.
МАКЕДОНИЈА: Марио Стојковски, Давид Рамадан, Филип Богоевски, Давор Таневски, Дин Розојац, Калин Аврамовски, Борис Матески, Дин Баталовски, Јован Јанчевски, Борјан Костовски, Виган Таири, Огнен Божиновски;