Објавено на 13 Мај, 2025 во Куп на Македонија, Вести
Љуботен - Тиверија Брера, финалето од Купот на Македонија за жени, ќе се одигра во среда (14. мај), со почеток во 14:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Натпреварот ќе се пренесува во живо на МТВ 3, а влезот за публиката е бесплатен.
За трофејот ќе се борат ЖФК Љуботен и ЖФК Тиверија Брера, две екипи кои доминираа во натпреварувањето оваа сезона.
Патот до финалето - сезона 2024/25:
ЖФК Тиверија Брера
1/8 финале: Тиверија Брера - Билјанини Извори 21:0
1/4 финале: Тиверија Брера - Атлетико 5:0
1/2 финале: Тиверија Брера - Скопје 2014 1:0
ЖФК Љуботен
1/8 финале: Љуботен - Порече 2025 21:0
1/4 финале: Љуботен - Вардар 2023 8:0
1/2 финале: Љуботен - Каменица Саса 2:0
ЖФК Љуботен освои Куп титули во сезоните 2022/23 и 2023/24, тимот од Тетово секогаш кога се пласирал во финале, ја освувал титулата.
ЖФК Тиверија Брера се Куп победнички во 2017/18, финалисти во 2016/17 и 2018/19.