Објавено на 26 Септември, 2022 во Вести
Македонската А репрезентација е поразена од Бугарија со 1:0 на последниот натпревар во групата од УЕФА Лигата на нации.
На националната арена „Тодор Проески" Македонија уште во 13. минута остана со играч помалку, по директниот црвен картон што го заработи Тодор Тодоровски.
Во продолжението од средбата, Бугарија во 49. минута доаѓа до предност од 1:0. Стрелец на погодокот беше Деспотов.
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Бејтулаи, Зајков, Муслиу, Тодоровски, Трајковски (Ашковски 23’ – Бабунски 85’), Барди, Елмас, Алиовски, Миовски (Спировски 60’), Ристовски (Дориев 60’);
Селектор: Благоја Милевски;
Фудбалерките на Љуботен третпат во низа го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во денешното финале, Љуботен славеше...