Објавено на 28 Јули, 2025 во Вести
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) известува дека извлекувањето за натпреварувачката сезона 2025/26 во Прва МФЛ, Втора МФЛ и 1/16 финале од КУП на Македонија ќе се одржи во среда, (30 јули 2025 година), со почеток во 12:00 часот, во хотел “Хилтон”, Скопје.
Извлекувањето ќе се спроведе согласно пропишаните правилници, во присуство на претставници од клубовите и надлежните тела на ФФМ.