Пријавување за ФФМ Лиги за петлиња, помлади петлиња и ФФМ Детски Лиги за сезона 2025/2026

Објавено на 22 Јули, 2025 во Вести, Детски лиги


Ве информираме дека е започнат процесот на пријавување за учество во:

- Регионалните лиги за петлиња (фудбалери родени во 2011 година)

- Регионалните лиги за помлади петлиња (фудбалери родени во 2012 година)

- ФФМ Детските лиги (фудбалери родени од 2013 до 2018 година, вкупно 6 категории)

Рокови за пријавување:

- Најдоцна до 27.07.2025 (недела) за регионалните лиги за петлиња и помлади петлиња

- Најдоцна до 06.08.2025 (среда) за ФФМ Детските лиги

По истекот на роковите ќе следи официјалната постапка за доставување документи и разгледување на апликациите од страна на клубовите кои ќе се пријават.

Ги потсетуваме сите заинтересирани клубови и оние кои веќе учествувале, како и оние кои првпат сакаат да бидат дел од лигите да аплицираат најдоцна до наведените термини.

Клубовите кои ги добиле потребните мејлови со информации и линкови за онлајн пријавување, нека ја пополнат пријавата навреме.

Доколку некој клуб од било која причина не го добил мејлот, потребно е да испрати е-порака со интерес за учество на адресата: bojan.markovski@ffm.com.mk. По тоа, клубот ќе добие повратен мејл со сите потребни информации и инструкции за пријавување.




   
   
А репрезентација