Женската селекција до 17. години го започнува квалификацискиот циклус за елитната фаза

Објавено на 14 Октомври, 2014 во До 17 год жени


Со натпреварот против селекцијата на Данска во 13.30 часот на централниот терен во комплексот „Куќа на фудбалот“ женската селекција  на Македонија до 17. години го започнува квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза. Во нашата група се наоѓаат уште селекциите на Турција и Казакхстан. Репрезентацијата на Исланд како домаќин на завршниот турнир има обезбедено директен пласман на завршниот турнир. Трите првопласирани селекции според рејтингот Германија, Франција и Шпанија директено влегуваат во следната фаза од натреварите. Останатите 40 селекции се поделени во десет групи.

Најдобро пласираните две репрезентации од секоја група и трите најдобри третопласирани ќе обезбедат место во следната фаза. Мини турнирите од елитната рунда ќе се одиграат во периодот  од први август до 31. октомври.

-Ние го организираме овој турнир и како домаќини имаме право да се надеваме дека може да стигнеме до позитивен резултат. Данска, нашиот прв противник во групата е апсолутен фаворит. Имавме можност да ги следиме натпреварите на Казакстан на развојниот турнир и според квалитетот и позицијата тие се во долниот дел од европскиот ранг. Нашата шанса е тој натпревар, по 2008. година да стигнеме до победа во овој ранг натпревари. Ќе се обидеме да се надигруваме и со Турција и да си создадеме шанса за прогрес на македонскиот женски фудбал, изјави селекторот на репрезентацијата до 17. години, Кирил Изов.

Група 1: Англија, Русија, Молдавија, Бугарија

Група 2: Полска, Финска, Естонија, Босна и Херцеговина

Група 3: Швајцарија, Унгарија, Азербејџан, Португалија

Група 4: Република Ирска, Србија, Литванија, Романија

Група 5: Чешка, Австрија, Украина, Северна Ирска

Група 6: Шведска, Шкотска, Хрватска, Црна Гора

Група 7: Белгија, Велс, Латвија, Белорусија

Група 8: Данска, Турција, Македонија, Казахстан

Група 9: Норвешка, Италија, Грција, Фарски Острови

Група 10: Холандија, Словенија, Израел, Словачкa





   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација