Објавено на 28 Февруари, 2024 во Вести, А репрезентација жени
Женската репрезентација на Македонија забележа уште еден пораз од соодветната селекција на Грузија. во рамките на вториот контролен натпревар што го одиграа овие две селекции.
Избраничките на селекторот Кирил Изов беа минимално поразени со 1:0.
Двете репрезентации одиграа добар натпревар, со многу трчање и борба на средината на теренот. Македонија имаше неколку добри прилики за постигнување на погодок, но немаше реализација.Селекцијата на Грузија единствениот погодок на денешната средба го постигна преку Татуашвили во 17. минута од првиот дел.
Контролен дуел во Тбилиси;Грузија - Македонија 1:0 (1:0)
Македонија: Ефтинџоска, Комненова, Лимани, Максути, Милчевска, Мојсоска, Панеска, Павловска, Села, Џоклеска, Велкова;
Селектор: Кирил Изов;
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....