Женската репрезентација на Македонија до 17 го освои второто место во Италија

Објавено на 02 Мај, 2023 во Вести, До 17 год жени


Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 29 април до 2 мај учествуваше на силен меѓународен турнир што се одржа во Италија.

Нашите млади фудбалерки имаа добар настап и го освоија второто место на контролниот турнир.

Во првиот натпревар против домаќинот Италија загубивме со убедливи 5:0. 

Во вториот меч против БиХ одигравме одлично и успеавме да славиме победа од 2:1. Стрелци на погодоците на овој натпревар беа Ева Величковска и Анастасија Илиевска.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 17 години, Катерина Милеска, на меѓународниот контролен турнир во Италија ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Мартина Силјаноска (Атлетико), Ведрана Комненова (Скопје);

Одбрана: Рона Рустеми (Шкендија), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Катерина Петкова (Истатов), Ива Јовановска (Љуботен), Мина Ковачевска (Атлетико), Михаела Додевска (Скопје), Јована Павловска (Деспина), Јована Петровска (Атлетико);

Среден ред: Ева Конева (Скопје), Васка Василева (Тиверија), Никица Трендова (Деспина), Ива Јосифова (Тиверија), Ева Величковска (Скопје), Кристина Крстева (Скопје);

Напад: Ана Боризоска (Деспина), Настасја Накова (Деспина), Анастасиа Илиевска (Деспина),  Сара Дика (Ас Јунајтед), Меланија Грозданова (Скопје);





   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација