Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Објавено на 06 Април, 2024 во Вести, До 19 год жени

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија.

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години ја запиша и втората победа на  квалификацискиот турнир од втората рунда од Б лигата што се одржува во Молдавија.

Нашите млади девојки беа подобри од Литванија со 2-0. Водство од 1:0 за нашиот национален тим донесе Петкова во 26. минута на асистенција на Јосифова. Петкова во 77. минута ги постави конечните 2:0. Македонија во првото коло славеше против Молдавија со 4:0. На 9. април против Велс решаваме за првото место и кој ќе оди ранг погоре. 



   
   
А репрезентација