Женската А репрезентација пред нов предизвик

Објавено на 12 Јуни, 2014 во А репрезентација жени

На 15 јуни нашата женска сениорска репрезентација ја очекува реваш натреварот против Естонија ( во првиот натпревар нашите изгубија со резултат од 0:2) во рамките на втората квалификациска група за СП во Канада 2015 година.

Натпреварот се игра во Хаапсалу- Естонија  со почеток од 16 часот додека на 18 јуни се игра реванш натпреварот со Чешка (во првиот натпревар нашите изгубија со резултат од 1:3).

На  список на селекторот Добрислав Димовски за оваа средба се повикани следните фудбалерки: Чакмаковска Елена, Костова Фроска, Милевска Катерина, Скерлевска Стефани, Тодоровска Моника, Веселинова Ана, Костова Драгана, Левкова Наташа, Ѓорѓиева Анета, Кривањева Накшије, Крстановска Симона, Салихи Афродита, Андонова Наташа,  Андрееска Ленче, Рочи Гентјана, Наумофф Наталиа, Боглева Мартина, Тасева Симона.

Подготовките на нашата женска сениорска репрезентација започнаа на 10ти јуни во Скопје.

„Влегуваме со голема самодоверба, сигурност и мотивација за разлика од првите средби. Ќе дадеме сто проценти од нашите можности иако не настапуваме во комплетен состав. Рејтингот и квалитетот на Естонија и Чешка не е голем и поради тоа ќе влеземе максимално сконцентрирани во овие средби со единствена цел и тоа победа во двата натпревари. Ќе излеземе на терен и ќе дадеме макисмумот. Се надеваме на добра фудбалска претстава против двете екипи.“ -истакнува селекторот Добре Димовски.




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација