Женска репрезентација на Македонија до 19: Минимален пораз од Израел во последното коло од квалификацискиот турнир во Скопје

Објавено на 10 Април, 2023 во Вести, До 19 год жени


Женската репрезентација на Македонија до 19 години го забележа првиот пораз од селекцијата на Израел во последното коло од квалификацискиот турнир што се одржува во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски", избраничките на селекторот Астрит Мерко беа поразени со 2:1.

Одигравме добар и борбен натпревар, можеме да жалиме за пропуштените прилики на денешната средба.

Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме.

Противникот во 52. минута од мечот го отвори резултатот преку Биру. Лора Сулејмани во 72. минута постигнува гол за израмнување на резултатот. Во 83. минута, Биру со својот втор гол ги поставува конечните 2:1 на денешната средба.

Македонија: Кабакчи, Сулејмани, Головска, Мојсоска, Блажевска, Меијер, Ефтинџиоска, Села, Велкова, Сулејмани, Панеска;

Селектор: Астрит Мерко;




   
   
Актуелности

08.02.2025    Вести

Судиската организација при ФФМ доби висока оценка за својата работа и посветеност на развојот на судењето

Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА....

06.02.2025    Вести

Македонија до 21 година: Во група со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија

Горан Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група....

Календар
А репрезентација