Женска А репрезентација на Македонија: Минимален пораз од Бугарија на домашен терен

Објавено на 22 Септември, 2023 во Вести, А репрезентација жени


Женската А репрезентација на Македонија забележа минимален пораз од Бугарија во рамките на првото коло од групата 5 во Лигата на нации.

Избраничките на селекторот Кирил Изов не успеаа да ги искористат своите прилики, противникот рано поведе и успеа да ја сочува минималната предност до крајот на натпреварот.

Двете репрезентации одиграа возбудлив натпревар со многу борба и желба за победа. Гостите од Бугарија беа поконкретни кон нашиот гол и успеаа да слават заслужена победа. 

Стрелец на единствениот погодок за нашиот источен сосед беше беше Станкова во 4. минута од средбата.

Во следното коло од Лигата на нации, кое ќе се одигра во ноември, женската А репрезентација на Македонија силите ќе ги одмери со селекцијата на Косово.

Македонија: Панчурова, Милчевска, Коларвоска, Ефтинџиоска, Андреевска, Шемсовиќ, Андонова, Дервиши, Рочи, Максути;

Селектор: Кирил Изов;




   
   
А репрезентација