Жени до 19 години: Започнаа подготовките за квалификациите во Португалија

Објавено на 09 Септември, 2014 во До 19 год жени


Македонската женска репрезентација до 19 години започна со подготовките за првиот квалификациски циклус за европското првенство.

Кавлификацискиот турнир ќе се одржи во Португалија, во областа Висеу помеѓу 13ти и 18ти септември.

На распоред во Португалија се следните натпревари:


13.09.2014

14:00 ч.

Русија – Белорусија

13.09.2014

16:00 ч.

Португалија - Македонија

15.09.2014

14:00 ч.

Македонија – Русија

15.09.2014

16:00 ч.

Португалија - Белорусија

18.09.2014

16:00 ч.

Белорусија - Македонија

18.09.2014

16:00 ч.

Русија - Португалија

За настап во квалификациите беа повикани следните фудбалерки: Матеа Манојловска, Сашка Кокаловска, Стефани Скерлевска, Александра Марковска, Адили Арлинда, Симона Крстановска, Бошеска Ане, Наташа Левкова, Ана Мицкоска, Шкипе Бојку, Елена Наковска, Стојковска Гордана, Александра Поповска, Евгенија Таповска, Теодора Киранова, Марија Конеска, Даниела Велеска и Пеева Ангела.

„Имаме тешка група. Шанса за позитивен резултат ќе бараме на натпреварот против Белорусија, со која сме рангирани на исто ниво. Подготовките ќе ги искористиме максимално, се надеваме дека нема да има повредени играчи и несакани проблеми во екипата. Девојките се мотивирани, мислам дека ќе дадат сѐ од себе да ја искористат оваа шанса да се претстават во најдобро светло, и доколку не успееме да се квалификуваме во елитната фаза од квалификациите, да покажеме дека имаме добра генерација која во иднина треба да го претставува столбот на женската А репрезентација“ - изјави селекторот Астрит Мерко.




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација