Започнуваат завршните натпревари меѓу селекциите од Општинските фудбалски сојузи

Објавено на 15 Април, 2015 во Вести

Од 16. април до 21. мај ќе се одиграат натпреварите кои ќе одлучуваат за најдобрата селекција од Општинските фудбалски сојузи во Македонија.

Утре со почеток во 15:30 часот на теренот со вештачка трева во Прилеп ќе се соочат селекциите на ОФС Прилеп и ОФС Битола. Во вториот круг на 28. април во 17:00 часот на теренот во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје се среќаваат селекциите на ОФС Пробиштип и ОФС Скопје, а наредниот ден во истиот термин ОФС Тетово ќе игра натпревар со победникот од натпреварот меѓу ОФС Прилеп и ОФС Битола.

Завршните натпревари ќе бидат одиграни на терените од тренинг центарот Петар Милошевски. На 19. мај за трето, четврто и петто место на мини турнир - секој со секого, играат поразените од првиот и вториот круг завршни натпревари. На  21. мај ќе се одигра финалниот натпревар помеѓу победниците од вториот круг. 

Годинава Фудбалската федерација на Македонија ја поддржа иницијативата за натпреварување меѓу Општинските фудбалски сојузи, а целта на натпреварувањето е развој на фудбалскиот спорт во општинските фудбалски сојузи, афирмација на фудбалерите кои настапуваат за клубовите од општинска лига и зголемување на интересот на пошироката фудбалска јавност. 



   
   
А репрезентација