Започна реконструкцијата на „Тумбе кафе

Објавено на 15 Април, 2015 во Вести

Почнаа градежните активности од првата фаза на реновирањето на стадионот „Тумбе кафе" во Битола.

Најпрво се очекува да биде поставена нова тревна подлога со целосен дренажен систем за природна трева. Во втората фаза од овој проект ќе бидат изградени четири трибини, со вкупен капацитет од 12 000 седишта, а ќе биде поставен и комплетно нов систем за осветлување. Фудбалската федерација на Македонија преку хет - трик програмата во овој проект ќе учествува со 800 000 евра, а останатите трошоци ќе ги подмири општина Битола. Утре започнува реконструкцијата на Градскиот стадион во Тетово според хет трик програмата на Фудбалската Федерација на Македонија. Ќе бидат реновирани соблекувалните, службените простории, ќе се постават нови седишта и нов терен.

Фудбалскиот клуб Пелистер до крајот на сезоната домашните натпревари ќе ги игра на Градскиот стадион „Гоце Делчев" во Прилеп.




   
   
А репрезентација