Започна продажбата на билети за квалификацискиот дуел на Македонија до 21 против Холандија

Објавено на 11 Септември, 2023 во Вести, До 21 год


Фудбалската федерација на Македонија информира дека официјално започна продажбата на билети за натпреварот на младата репрезентација на Македонија до 21 година против соодветната селекција на Холандија во рамките на второто коло од групата Ц од квалификациите за пласман на Европско првенство 2025 во Словачка.

Цената на влезница за натпреварот изнесува 100 денари. Квалификацискиот дуел помеѓу Македонија и Холандија се игра утре на тренинг центарот „Петар Милошевски", во Скопје со почеток од 15:30. часот.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија - Холандија ќе се организира преку продажната мрежа на MKTickets.

https://www.karti.com.mk/prodazni-mesta.nspx





   
   
А репрезентација