Вториот контролен натпревар меѓу Македонија и БиХ во живо на ffm.mk

Објавено на 17 Септември, 2015 во Вести, До 19 год


Љубителите на македонскиот фудбал денеска од 11.00 часот ќе имаат можност вториот контролен натпревар меѓу селекциите на Македонија и Босна и Херцеговина до 19 години да го проследат во живо преку интернет страната на фудбалската федерација на Македонија, www.ffm.mk

Во првиот контролен натпревар одигран меѓу двете репрезентации, Босна и Херцеговина издвојува победа од 5:2. За Македонија овој меч претставува последна проверка спроти квалификацискиот турнир кој огранизираме во Скопје од 7 до 14 Октомври за пласман на Европското првенство - елитна рунда. Контролниот натпревар меѓу двете репрезентации ќе се одигра на стадионот во Ѓорче Петров.

За репрезентацијата на Македонија до 19 години на денешниот натпревар ќе настапат: Боби Целески, Слободан Боцевски, Кристијан Каранфиловски, Стефан Јефтовски, Нехар Садики, Емил Абаз, Давор Здравковски, Петар Петковски, Валентин Кочовски, Стефан Лазаревиќ, Селмани Ремзифаик; 




   
   
А репрезентација