Воска спорт го освои пехарот за освоеното прво место во Втора МФЛ

Објавено на 13 Мај, 2023 во Втора МФЛ, Вести


Со одигрувањето на натпреварите од 30. коло, официјално се затвори натпреварувачката сезона 2022/23 во Втора МФЛ. 

Тимот на Воска од Охрид го слави првото место и пласманот во Прва МФЛ, заедно со второпласираниот состав на Гостивар.

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар заврши на третото место и ќе игра бараж натпревар против Скопје за место во нашата најдобра фудбалска конкуренција. 

Воска денеска славеше кај Борец во Велес со убедливи 7:1, додека Гостивар успеа да слави против Караорман.

Каменица Саса успеа да обезбеди опстанок во Втора МФЛ со освоениот бод во Битола против Пелистер. Тетекс ќе игра бараж за опстанок, додека Локомотива Пехчево ќе игра во понизок ранг.  



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација