Влезници за Италија - Македонија можат да се купуваат до вторник

Објавено на 20 Март, 2022 во Билети, Вести


Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до навивачите на македонската А репрезентација и љубителите на фудбалот кои сакаат да ја бодрат нашата селекција на натпреварот на 24. март меѓу Италија - Македонија во Палермо дека платформата, односно линкот https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386 за купување билети од денеска повторно е отворен и навивачите ќе имаат можност да купат билети до вторник до 12:00 часот. 

Повторното отворање на платформата за продажба на билети на Италијанската фудбалска Федерација е резултат на одлуката на италијанските власти да дозволат исполнување на целиот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. 

Македонските навивачи и љубители на фудбалот кои веќе поседуваат кодови за купување на влезници, а од технички или други причини не успеале да ја завршат процедурата за купување на влезници, можат повторно да влезат во системот за продажба на билети и да ги купат бараните влезници. 

Лицата кои аплицирале за билети и имаат добиено кодови:

Треба да пристапат на следниот линк за билети: https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386

Со добиените кодови од одделот за билети на ФФМ ги купуваат истите;

Билетот го добиваат во електронска форма;

Пред да отпатуваат за Италија, задолжително мора да го пополнат и поседуваат формуларот кој се наоѓа на следниот линк: https://app.euplf.eu/#/

Навивачите на македонската репрезентација кои немаат аплицирано за кодови за купување на билети, а се заинтересирани за следење на натпреварот Италија - Македонија во Палермо може да аплицираат за влезници преку електронска најава (име, презиме и број на билети) испратени на e-mail адресата bileti@ffm.com.mk 

Доколку има можност истите да ви бидат ставени на располагање, на e-mail адресата од која е испратено барањето, добивате посебен код за пристап на следниот линк: https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386

Македонските навивачи кои ќе патуваат во Палермо, Италија за натпреварот Италија - Македонија мора да ги почитуваат следните регулативи на италијанските власти во услови на пандемија: 

Ковид-19 Регулатива за влез во Италија.docx 






   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација