Вардар го освои трофејот во Купот на Македонија за пионери

Објавено на 24 Мај, 2017 во Вести


Пионерската екипа на Вардар го победи составот на Работнички со 2:1 и го освои Купот на Македонија во пионерска конкуренција. Во драматичен натпревар фудбалерите на Сашо Тодоровски со пресврт го победија Работнички давајќи два гола во финишот од натпреварот на стадионот „Билијанини Извори“ во Охрид.

Работнички поведе уште во 3. минута со голот на Тасев, а тој резултат беше активен и на полувремето.  

Во вториот дел Вардар тргна во целосна офанзива, шансите не ги реализираа до 77. минута кога беше досуден пенал по стартот на Алиев врз Антовски. Ѓорѓиески погоди од пенал за израмнување на 1:1. Во судиското надополнување после една нафрлена топка од десната страна, Бериша со глава успеа да погоди во горниот лев агол од голот на Работнички, за голема радост на Вардаровите играчи. Вардар трета сезона во низа го освојува Куп трофејот во пионерска конкуренција.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, ПИОНЕРИ ФИНАЛЕ

Стадион: „Билјанини Извори“ во Охрид

ВАРДАР - РАБОТНИЧКИ  2:1 (0:1)

Стрелци: 0:1 Тасев 3’, 1:1 Ѓорѓиески 77’, 2:1 Бериша 80’+1

ВАРДАР: Тимевски, Радевски, Антовски, Пешевски, Ѓорѓиески, Димов, Битиќи, Адем, Бериша, Колевски, Реџепи.

Уште играа: Стојаноски, Дарлишта, Наумчески, Калчиноски.

РАБОТНИЧКИ: Хоџин, Пановски, Недељковиќ, Алиев, Симоновски, Ајдини, Ристовски, Сејфиќ, Тасев, Колески, Ѕурѕу.

Уште играше: Бахтијар.




   
   
А репрезентација