В недела започнува пролетниот дел од Прва МФЛ, в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини им посака успех на клубовите

Објавено на 15 Февруари, 2019 во Вести


В недела, 17. февруари, започнува вториот дел од македонската Прва фудбалска лига. Натпреварите започнуваат од 14:00 часот, а двојките за 19. коло се Шкендија - Вардар, Академија Пандев - Македонија Ѓ.П., Победа  Беласица, Работнички - Ренова и Силекс - Шкупи.

Во пресрет на пролетниот дел од Прва МФЛ, в.д. претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини им посака многу успех на клубовите од нашата најдобра фудбалска конкуренција.

-Резултатите на клубовите се плод на вредната работа на стручните тимови, селекцијата на фудбалери и квалитетното ракововодство. Верувам дека секој тим ќе се бори да ги исполни своите амбиции и им посакувам многу среќа во продолжението од сезоната и здравје на фудбалерите. Од страна на ФФМ уверуваме дека организацијата на натпреварувањето ќе биде на најдобро ниво и сите ќе бидат еднакво третирани. Доколку сите ние и федерацијата и клубовите се раководиме според пропозициите за натпреварување, а тоа е заедничка цел, тогаш сигурен сум дека нема да создаваме било какви проблеми. Впрочем, треба да го „изодиме“ патот како од првата полусезона кога сѐ се одвиваше во најдобар ред, истакна Сејдини.

-Ги повикуваме сите гледачи и поддржувачи на македонскиот фудбал да навиваат за својот тим фер и коректно, во духот на фер-плеј, со почит и толеранција кон противниците, официјалните лица и сите гледачи. Заеднички да кажеме НЕ за сите облици на вербално и физичко насилство. 





   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација