Објавено на 17 Мај, 2025 во Вести
Шкендија од Тетово официјално е новиот шампион во Прва МФЛ. Шкендија ја слави петтата титула во својата историја. Во последното коло од домашниот шампионат, тетовчани загубија на својот стадион од Силекс (1:3), но тоа не влијаеше на конечниот исход од натпреварувачката сезона 2024/25 во Првата македонска фудбалска лига. Шкендија уште пред една седмица ја обезбеди шампионската титула.
По крајот на натпреварот со Силекс започна церемонијата во која капитенот на тимот, Бесарт Ибраими го подигна шампионскиот трофеј.
Медалите и трофејот на тетовчани им ги додели претседателот на ФФМ, Масер Омерагиќ, заедно со некогашен репрезентативец на Македонија и актуелен член на У.О. на ФФМ, Агим Ибраими.
Марко Ѓоргиевски од Силекс и Бесарт Ибраими од Шкендија се двајцата најдобри стрелци во ПМФЛ за сезоната 2024/25, напаѓачите завршија со по 15 погодоци.
Силекс и Работнички (Конференциска лига) заедно со Шкендија (квалификации за Лига на шампиони) и победникот на Купот на Македонија (Вардар - Струга Трим Лум) ќе го претставуваат македонскиот фудбал во европските купови.
Беса преку бараж ќе се обиде да обезбеди нов прволигашки статус. Гостивар и Воска испаднаа од лигата.