Успешен прв ден на семинарот со шпанскиот стручњак Гинес Мелендез Сотос

Објавено на 05 Септември, 2015 во Семинари

Одличен прв ден на тренерскиот семинар со прославениот шпански стручњак Гинес Мелендез Сотос. Семинарот предизвика огромен интерес помеѓу тренерите и координаторите на младинските екипи.

Учество земаа 120 тренери и кооординатори на клубови кои работат во младинските екипи, како  и селекторите на националните репрезентации на ФФМ, кои на Мелендез му дадоа огромен аплауз уште пред семинарот да започне.

Своето експертско ниво Гинез го потврди со неколкуте теоретски презентации како и праткичната демонстрација, која ја изведе со играчите од ФФМ Академија родени 1997 година, за тоа како Шпанската федерација работи со младинските национални селекции. Тренерите не го криеја своето задовослтво од присуството на овој шпански стручњак и за него имаа многу прашања.


Ги известуваме сите тренери кои се пријавија за посета на семинарот на 6ти и 7ми Септември, дека поради обврски на Гинес Мелендез со Шпанската репрезентација во Понеделник, програмата од понеделник се префрла во недела и сите презентации ќе бидат прикажани 06.09.2015 г.

Ги информираме сите тренери кои сакаат да земат учество на утрешниот ден, да бидат во конференциската сала на СЦ јане Сандански најдоцна во 08.45 часот.




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација