Управниот одбор на ФФМ го назначи Васко Скендеровски за селектор на футсал репрезентацијата

Објавено на 15 Ноември, 2019 во Вести


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на седница во „Куќа на фудбалот“ ги донесе следните одлуки:

- У.О. на ФФМ ја прифати оставката на Иван Божовиќ на местото селектор на македонската футсал А репрезентација; 

- У.О. на ФФМ го назначи Васил Скендеровски за нов селектор на футсал А репрезентацијата на Македонија. 

Васил Скендеровски беше предводник на футсал репрезентацијата од 2002. до почетокот на 2016. година. Футсал репрезентацијата на Македонија под водство на Скендеровски беше на чекор до пласман на Европско првенство 2015 година, а истата година гол разликата одлучуваше за пласманот на Македонија во бараж за Светско првенство. Со футсал тимовите на Скопје, Алфа Парф, Железарец и Велес има освоено 14 титули првак на Македонија. 

- У.О. на ФФМ донесе одлука Фудалската федерација на Македонија да донира фудбалски топки за заедничкиот проект со Федерација на училишен спорт. 110 училишта ќе добијат грасрут фудбалски топки за проектот „Фудбал сега - фудбал насекаде“. 



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација