Упис на тренери кандидати за УЕФА Б Диплома

Објавено на 11 Септември, 2020 во Вести, Семинари


Центарот за Едукација при Фудбалската Федерација на Македонија распишува упис на тренери-кандидати за посета на курс за добивање на УЕФА Б  Диплома:

За УЕФА Б Диплома - 20 места со следниве услови за упис на курсот:

- Барање за упис со наведени e-mail и телефон за контакт со прилог следниве документи:

- Државјанин на Република Македонија и најмалку 22 години старост (копија од пасош или лична карта)

- Завршено најмалку средно образование - 4 години (копија од диплома)

- Најмалку 4 (четири) години фудбалски стаж како сениорски играч на било кое ниво (потврда од клубот или општински фудбалски сојуз доколку клубот не постои) - оригинал

- Лекарско уверение - оригинал

- Уплатница од 100 евра во денарска противвредност на сметка на ФФМ како прва рата (курсот чини вкупно 482 евра, во овие средства не се влезени трошоци за пат и сместување 2 х 7 дена во местото на одржување на курсот).

- Две слики како за лична карта

Уплатата се врши на жиро сметка на ФФМ:

300000001599760 - Комерцијална Банка

Примач - ФФМ Скопје

Цел на дознака: За УЕФА Б курс

Доколку се пријават повеќе од 20 кандидати за курсот, Центарот за Едукација на ФФМ го формира списокот по принципот прв пријавен - прв запишан. Кандидатите кои нема да влезат во групата од 20 ќе бидат преместени за следниот термин за УЕФА Б Курс.

Заинтересираните кандидати треба своите барања и документи да ги достават до архивата на ФФМ или по пошта на адреса Бул. АСНОМ 21, 1000 Скопје - најдоцна до 21.09.2020 по завршување на уписот и формирање на групата, примените кандидати ќе бидат известени за термините на одржување на семинарите.

Сите кандидати кои ќе бидат примени во групата пред доаѓање на курсот задолжително ќе мора да направат PCR тест за КОВИД-19 и истиот да го приложат пред одржување на семинарот.

Исто така, ФФМ преку средства од УЕФА проектот за развој на женски фудбал овозможува стипендирање на најмногу 10 (десет) жени тренери кои ќе се пријават за УЕФА Б Курс и кои ќе ги исполнат горенаведените критериуми.

Во продолжение преземете го барањето за упис на тренери кандидати за УЕФА Б Диплома.

Барање за упис тренери.doc 

Центар за едукација




   
   
А репрезентација