УЕФА Про Диплома – Модул 3

Објавено на 26 Ноември, 2014 во Вести, Семинари

Центарот за Едукација на Фудбалската федерација на Македонија го одреди датумот на одржувањето на третиот Модул од програмата за едукација на тренери за добивање на УЕФА Про Диплома.

Семинарот ќе се одржи од 01. до 03. декември 2014. година во хотел „ТЦЦ Гранд Плаза“, каде со свои теоретски презентации ќе се појават: Џим Флитинг, Директор за фудбалски развој на Шкотска Асоцијација, Бошко Ѓуровски, Селектор на А репрезентацијата на Македонија, Небојша Марковски, Технички Директор ФФМ, Вујица Живковиќ и Ленче Алексовска Величковска, предавачи во Центарот за Едукација.

Практичниот дел од семинарот ќе се одржи на тренинг центарот на ФФМ - „Петар Милошевски“ и тоа: на 01.12. со почеток во 12.00 часот тренинг ќе одржи Џим Флитинг (Директор за фудбалски развој на Шкотска Асоцијација), додека на 02.12 со почеток во 11:30 часот, тренинг ќе одржи Селекторот на А репрезентација, Бошко Ѓуровски во соработка со Гордан Здравков и Добринко Илиевски, ФФМ инструктори.

Практичниот дел ќе биде реализиран со фудбалерите од ФФМ Академијата (втора и трета година)

Практичните сесии се од отворен карактер и може да присуствуваат и останати заинтересирани тренери.





   
   
Актуелности

08.02.2025    Вести

Судиската организација при ФФМ доби висока оценка за својата работа и посветеност на развојот на судењето

Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА....

06.02.2025    Вести

Македонија до 21 година: Во група со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија

Горан Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група....

Календар
А репрезентација