Објавено на 22 Мај, 2014 во Лиценцирање
ФК Вардар АД – Скопје;
ФК Хоризонт Турново АД – с.Турново;
ФК Металург АД – Скопје;
ФК Работнички АД – Скопје;
ФК Шкендија АД – Тетово;
ФК Ренова АД – с.Џепчиште;
ФК Брегалница 2008 АД – Штип;
ФК Пелистер АД – Битола; и
и
ФК Тетекс АД – Тетово, како Второлигаш за вонредна процедура.
По извршениот преглед на документацијата, Одделението за лиценцирање при ФФМ достави извештај за секој клуб поединечно до Комисијата за лиценцирање на ФФМ, која е надлежна за донесување на одлуки.
На својата седницата, Комисијата за лиценцирање, ги донесе следните одлуки:
На клубовите:
ФК Вардар АД – Скопје;
ФК Брегалница 2008 АД – Штип;
ФК Пелистер АД – Битола,
да не се издаде лиценца за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2014/2015.
Додека за клубовите:
ФК Хоризонт Турново АД – с.Турново;
ФК Металург АД – Скопје;
ФК Работнички АД – Скопје;
ФК Шкендија АД – Тетово;
ФК Ренова АД – с.Џепчиште;
Да се издаде лиценца за учество во УЕФА натпреварувањата за сезона 2014/2015.
ФК Тетекс АД – Тетово се откажа од вонредната постапја по излегувањето од натпреварувањето на Купот на Македонија. За истото беше известена и УЕФА.
Клубовите своите домашни натпревари ќе ги одиграат на единствениот лиценциран стадион за УЕФА клубски натпреварувања: Националната Арена Филип II во Скопје.
УЕФА преку ФФМ го задржува правото да изврши посета на лице место во секое време во однос на доставената документација како и да побараат дополнителни докази во понатамошниот период.
Клубовите кои обезбедија учество во натпреварувањата на УЕФА, ќе влезат во процесот на Финансиски Фер Плеј, каде што се должни да известуваат и понатаму.
Со добивање на оваа лиценца, тоа не значи автоматски дека клубовите добиле лиценца за учество во домашното првенство за сезона 2014/2015.
Со почит,
Одделение за лиценцирање
Цената на влезница за натпревар изнесува од 200 и 400 денари....