У19: Нерешено на првата пријателска со Бугарија

Објавено на 03 Септември, 2014 во До 19 год


Македонската репрезентација до 19 години денес го одигра првиот од двата пријателски натпревари со соодветната селекција на Бугарија. На терените на „Куќата на фудбалот“ нашите млади фудбалери одиграа само  1-1 (0-0), од кога примивме гол  во судискотот надополнување. Стрелец на голот за нашата селекција беше Адријан Чаволи во 50 минута. Голот за бугарската репрезентација го постигна  Божидар Кралев.

Во првото полувреме македонската селекција имаше неколку обиди за постигнување на гол. Во 23  минута Сулејманов нафрли по десната страна, а Петковски упати удар кон голот на гостинскиот голман Николај Крстев. Во 27 и 36 минута имавме два силни удари по средината на голот преку Сулејманов и Костадиниов, а во самиот финиш од првото полувреме во скокот најдобро се снајде Тодор Николовски, но реализацијата за жал изостана.

Селекторот Марио Вујовиќ натреварот го започна со следните единасет: Душан Ѓурѓев, Филип Стојновски, Сабахудин Аломеровиќ, Тодор Николовски, Горан Терзиев, Алекса Амановиќ, Петар Петковски, Константин Чешмаџиев, Адријан Чаволи, Тихомир Костадинов, Тауљант Сулејманов. На клупата за резервни фудбалери на оваа средба беа: Филип Илиќ, Слободан Боцевски, Игор Перчинов, Курт Реџеп, Селмани Ремзифаик, Валентин Кочоски, Стефан Мишев.

„Има работи од кои сум задоволен, но и такви што треба да се корегираат до старот на квалификациите. Пред сѐ ни недостасува завршница во пас играта и центаршутот. Противникот немаше ниедна шанса за гол и буквално со еден удар кон нашиот гол го израмни резултатот. Се надевам дека до стартот на квалификаците ќе одиграме уште еден квалитетен натревар со истиот противник. -изјави слекторот Марио Вујовиќ за официјалната веб страна на Фудбалската Федрација на Македонија.

Со овaa средби продолжија подготовките за октомврскиот квалификациски циклус. Нашата селекција е домаќин на квалификациска група во оваа  категорија. Турнирот кој го организираме се игра од 7 до 15 октомври 2014 година. Македонија е во група со Франција, Босна и Херцеговина и Лихтенштајн.



   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација