У-16 Македонија издвојува минимална победа над Сан Марино

Објавено на 30 Март, 2015 во Вести

Репрезентацијата на Македонија до 16 години ја совлада селекцијата на Сан Марино со 1:0 на воведниот натпревар од развојниот турнир кој се одржува во Гибралтар.

Погодокот за победа на нашата репрезентација го постигна Аздрен Мена во 10-та минута од натпреварот.

Предводникот на младата репрезентација на Македонија, Вујадин Станојковиќ средбата ја започна во следниот состав: Христијан Стевковски, Тодор Тодороски (Кирил Ристовски 54 минута), Михаил Маневски, Ељив Елмаз (Мерис Факиќ 61 минута), Андреј Кировски, Антонио Митрев, Аздрен Мена (Филип Јовановски 54 минута), Енис Фазлагиќ (Филип Стојчевски 41 минута), Бобан Здравевски (Борче Ласков 74 минута), Јани Атанасов, Кристијан Трапановски (Дејан Маркоски 61 минута).

Следниот натпревар нашата репрезентација ќе го одигра денес против селекцијата на Малта.




   
   
А репрезентација