Тауљан Сулејманов нема да патува за Кина

Објавено на 11 Јуни, 2014 во Вести, Вести

Во консултација со медицинскиот тим, селекторот на македонската репрезентација Бошко Ѓуровски реши да го ослободи од обврските за натпреварите против Кина талентираниот играч од средниот ред, Тауљан Сулејманов.

 Младиот фудбалер на Работнички во последните неколку месеци одигра голем број натпревари за неговиот клуб и за младинските национални селекции и стручниот штаб во репрезентацијата одлучи дека интерес на тимот и на фудбалерот е да го заштити од дополнителен физички притисок. Тауљан Сулејманов дебитираше за А репрезентацијата на Македонија на контролниот натпревар против Камерун во Австрија и со 17 години стана најмладиот репрезентативец во историјата на нашиот фудбал.  

Македонската репрезентација составена од играчи од домашното првенство pрвиот натпревар против Кина го игра на 18 јуни во кинескиот Шенјанг, во Џинан на 22 јуни двете селекции ќе го одиграат вториот меѓусебен дуел.




   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација