Светски ден на срцето 2018 - МОЕ СРЦЕ, ТВОЕ СРЦЕ

Објавено на 28 Септември, 2018 во Вести


Оваа година Фудбалската федерација на Македонија го поддржува светскиот ден на срцето, најголемата светска кампања за подигнување на свеста за кардиоваскуларните болести (CVD), кои вклучуваат болести на срцето и срцев удар, и за едукација на населението за придобивките од активен и здрав животен стил.

Светската Федерација на Срцето во соработка со УЕФА и нивниот официјален партнер за здрав живот – Здрав Стадион, секоја година на 29 септември го одблежуваат Светскиот ден на срцето. Работејќи заедно со европското фудбалско семејство можеме да дадеме значаен придонес кон намалување на предвремена смртност и попреченост предизвикани од кардиоваскуларни заболувања.

Темата на кампањата за светскиот ден на срцето 2018 е Мое срце, Твое срце. Твоето срце е моторот на твоето тело -  затоа е важно да се грижиш за него. Но, грижата за твоето срце не е секогаш лесно да се постигне.

Оваа година, Светската Федерација на Срцето бара од луѓето да дадат ветување за срцето – посветеност кон менување на животните навики со цел да ги одржиме нашите срца здрави. Бидејќи секое срцебиење е важно.

Преку тимска работа со пријателите, семејството и колегите можеме да си помогнеме едни на други во постепено менување на животните навики кое може да има големо влијание на здравјето на срцето на нас самите, но и на здравјето на срцето глобално.

Мали промени, како на пример редовно вежбање, здрава и балансирана исхрана, умерено пиење на алкохол и престанување со пушење цигари може да превенира развивање на кардиоваскуларни заболувања. Доколку се поддржуваме и охрабруваме едни со други, поголема е веројатноста дека ќе почнеме да ги менуваме навиките и дека ќе го одржиме своето сопствено ветување кон срцето..

УЕФА, Здрави Стадиони и Светската Федерација на Срцето заедно се обраќаат кон луѓето со цел да размислат за следното:

Да бидат физички поактивни: за одржување на активен животен стил, возрасните треба да целат кон најмалку 30 минути физичка активност 5 пати неделно. Играњето фудбал е еден од начините да се постигне оваа цел!

Балансирана исхрана: многу од продуктите за исхрана и пиење содржат високи количини на маснотии, сол и/или шеќер. Треба да целиме кон јадење на поголеми количини зеленчук и овошје и да го намалиме внесот на брза храна, и процесирани и зашеќерени пијалоци.

Откажување од пушење цигари: Откажувањето од цигари го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања, но исто така го намалува и влијанието на второстепено загадување со дим од цигари на непушачите. Лицата треба да побараат професионална помош за поддршка на откажување од пушење..

Умерено пиење алкохол: Кога се конзумира во големи количини, алкохолот може да придонесе кон развивање акутни и долгорочни проблеми со здравјето. Но, доколку се конзумира умерено, алкохолот може да придонесе кон подобрување на социјалните искуства.

Како можете да помогнете

Придружете се кон кампањата и споделете го вашето ветување кон срцето со изведување на <> гестот и споделете на социјалните мрежи со употреба на Хаштагот #WorldHeartDay.

Можете да ги следите објавите на Светскиот Ден на Срцето на социјалните медиуми следејќи ги следните профили:

·  Facebook:  /worldheartday

·  Twitter:  @worldheartfed

·  Instagram:  @worldheartday




   
   
А репрезентација