Судиската организација организираше форум со претставници на медиумите за новите правила на фудбалската игра

Објавено на 23 Април, 2019 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија организираше форум со претставници на спортските медиуми, односно новинари кои известуваат или ги коментираат фудбалските натпревари, со првите луѓе на Судиската организација на ФФМ, Емил Божиновски (претседател на Судиски одбор) и Марјан Ристески (член на Судиски одбор и контролор на натпревари).

Главна тема беа новите правила на фудбалската игра кои ќе стапат на сила од јуни годинава и ќе се применуваат во сите натпреварувања под „капа“ на УЕФА и ФИФА.

На форумот со новинарите беа презентирани и видео снимки (спорни моменти) од натпреварите од МФЛ и детално објаснети одлуките на судиите кои предизвикале медумско внимание, а нѐ ретко и посочување вина кон судиите за донесените одлуки. Претставниците на Судиската организација потенцираа дека арбитражата на натпреварите од МФЛ на судискиот тим е подложна на анализа после секој одигран круг од домашниот шампионат. Напоменуваат дека грешки се случуваат, како што впрочем често сме сведоци и на грешки од страна на останатите чинители кои се составен дел од играта (фудбалери, голмани, тренери), но исклучително се задоволни од правичноста, принципиелноста и решителноста на судиите во почитувањето на правилата на фудбалската игра. 

-Заменетиот играч може (мора) да излезе од теренот било каде, не како досега од местото кај четвртиот судија;

-Маицата која играчите ја носат под дресот со куси ракави, мора да биде во боја или шара, како и самиот дрес;

-Судија ако отсвири крај, играчите веќе се на пат кон соблекувалната, ако има сугестија од ВАР за евентуален пенал, тој мора да ги врати и казнетиот удар да се изведе. Тоа може да се случи и по истекот на првото полувреме

-Повредениот играч врз кого имало пенал, може да добие медицински третман до три минути за да може токму тој да го изведува казнетиот удар;

-Ако судијата ја допре топката, играта се прекинува, не се прекинува само ако не се смени поседот на топката во поглед на екипата;

-Играта се прекинува ако напаѓачот сакајќи или несакајќи игра со рака и постигнува гол, без разлика дали раката е во природна положба или не. Не смее последниот контакт пред да има гол да биде со рака;

-Играчот го симнува дресот поради радост по постигнатиот гол, ВАР го поништува голот, но картонот останува на сила;

-Пенал при играње со рака ќе се свири само ако раката е подигната горе, односно таа е во неприродна положба;

-Не смее да има играчи во живиот ѕид од екипата која го изведува слободниот удар, и тоа мора да бидат одалечени најмалку еден метар, лево-десно од ѕидот. Ако ова правило не се почитува тогаш слободниот удар се поништува

-При изведување на пеналот, сега голманот не мора со двете нозе да биде на гол линијата, може и со едната;

-При изведување на аутот, не смее да има противнички играч во близина од два метри од тој што изведува; 





   
   
А репрезентација