Стефан Деспотовски: Одлично се вклопив во младата репрезентација на Македонија. Подготвени сме за борба и докажување

Објавено на 26 Март, 2023 во Вести, До 21 год


Младата репрезентација на Македонија, денеска ги продолжи тренинзите по вчерашниот триумф над соодветната селекција на Финска во рамките на меѓународниот контролен турнир „Анталија Куп 2023".

На 28. март, не очекува последниот контролен дуел против селекцијата на Словачка, која е домаќин на Европското првенство 2025 година за фудбалери до 21 година.

Одличниот фудбалер на Работнички и репрезентацијата на Македонија до 21 година, Стефан Деспотовски, даде своја оценка за досегашните одиграни натпревари на нашите млади фудбалери во Белек, Турција.

„Навистина сум многу среќен што брзо и одлично успеав да се вклопам во тимот. Се осеќам како да сум со години дел од оваа репрезентација. Функционирам одлично со сите, владее одлична енергија помеѓу нас играчите. Работиме напорно и максимално на сите тренинзи, сложни сме и мотивирани. Ги слушаме совите на селекторот, тој има јасна идеја како треба да играме, се трудиме максимално на сите натпревари и тренинзи да го одиграме тоа што се бара од нас. Подготвени сме за борба и докажување. Сакаме да покажеме колку вредиме. 

Против Летонија немавме свој ден. Доминиравме во текот на натпреварот, но по наши грешки дозволивме да примиме три гола. Успеавме брзо да ги консолидираме своите редови, тоа го докажавме на дуелот со силната репрезентација на Финска. Одигравме цврст натпревар, со голема борба, пожртвуваност и трчање. Благодарение на тој пристап, на крајот излеговме како победници на тој тежок меч.

Останува уште последната средба против Словачка во овој подготвителен период. Сакаме да одиграме уште еден квалитетен натпревар и со победа да ги заокружиме овие припреми во Белек."



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација