Состанок со претставници од клубовите на Прва ЖФЛ

Објавено на 23 Јули, 2023 во Прва ЖФЛ, Вести


Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа состанок со претставниците од клубовите на Прва ЖФЛ. 

Тема на разговор беше предлог календарот и предлог промени во пропозициите за женскиот фудбал за претстојната сезона 2023 / 2024.

На состанокот присуствуваа и претставници на службите при Фудбалската федерација на Македонија од одделението за лиценцирање кои информираа дека во подготовка е правилник за лиценцнирање на клубови за домашното првенство. Претставниците на  маркетинг и комуникации презентираа нова маркетинг стратегија во насока на развој , промоција и видливост на Првата ЖФЛ.





   
   
А репрезентација