Собир на женската А репрезентација: Две пријателски средби со Албанија

Објавено на 11 Јуни, 2019 во А репрезентација жени


Женската А репрезентација од 10. јуни е на собир во Охрид, каде се подготвува за пријателскиот двомеч со Албанија.

Селекторот Кирил Изов ги повика следните фудбалерки:

Викторија Панчурова (голман) - ЖФК Тиверија, Струмица

Суарта Речи (голман) - ЖФК АС Јунајтед, Струга

Магдалена Лекоска (голман) - ЖФК СЦ Истатов, Нов Дојран

Маја Ангелоска (одбрана) - ЖНК Олимпија, Словенија

Павлинка Николовска (одбрана) - ЖФК Црвена Звезда, Србија

Драгана Костова (одбрана)- ЖФК Драгон 2014, Скопје

Хава Мустафа (напад) - ЖФК Тетово 2017, Тетово

Гентијана Рочи (напад) - ВФЦ Купс, Финска

Наташа Андонова (среден ред) - Барселона, Шпанија

Елма Шемшовиќ (среден ред) - ЖФК Драгон 2014, Скопје

Александра Марковска (среден ред) - ЖФК СЦ Истатов, Нов Дојран

Александра Ристовска (среден ред) - ЖФК Тиверија, Струмица

Улза Максути (напад) - ЖФК АС Јунајтед, Струга

Драгана Колевска (одбрана) - ЖФК СЦ Истатов, Нов Дојран

Рабија Дервиши (среден ред) - ЖФК Драгон 2014, Скопје

Ели Јаковска (напад) - ЖФК СЦ Истатов, Нов Дојран

Јулија Живиќ (одбрана) - ЖФК Драгон 2014, Скопје

Симона Крстаноска (одбрана) - ЖФК СЦ Истатов, Нов Дојран

Јована Ѓорѓиоска (одбрана) - ЖФК Прилеп, Прилеп

Теодора Димоска (напад) - ЖФК Тиверија, Струмица

Марија Белистојановска (среден ред) - ЖНК Марибор, Словенија

Пред нас е јунскиот собир на Женската А фудбалска репрезентација на Македонија и двомечот со селекцијата на Албанија, на 13. јуни во Албанија и на 16. јуни во Охрид. Со оглед на тоа што натпреварувачката сезона е веќе завршена и се чувствува одреден замор кај повеќето од репрезентативките, заедно со стручниот штаб повеќе ќе работиме на тактичко техничкиот дел и освежувањето на фудбалерките како би можеле во моментов да го извлечеме максимумот од нив во овие два натпревара против еден мошне силен противник.Со големо задоволство можам да ја известам фудбалската јавност дека е најден заеднички јазик и во националниот дрес после извесен период се враќаат најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова и искусниот напаѓач Гентијана Рочи со кои добиваме многу на искуство и квалитет и се надевам на уште подобри резултати во наредниот период за нашата најдобра женска фудбалска селекција.“ - изјави селекторот Кирил Изов.

Натпреварите со Албанија се вовед во подготовките за квалификациските натпревари на женската А репрезентација, каде сме во група со Франција, Австрија, Србија и Казахстан.

Првиот натпревар на 13. јуни ќе се одигра на Либражд Сопот стадионот во Албанија, а вториот на 16. јуни на СЦ Билјанини Извори во Охрид. Двата натпревара се со почеток во 17.00 часот.



   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација