Скендеровски: Браво за момците,горд сум на нив

Објавено на 14 Декември, 2015 во Вести, Футсал


Имавме историска шанса за пласман во баражот. Но двете победи со Словачка (2-1) и Молдавија (5-2) на квалификацискиот турнир во Бари (Италија) на крајот се покажаа како недоволни за следната бараж фаза од квалификациите за Светското Првенство 2016 во Колумбија.

По сензационалната победа од 2:1 на Словачка во последниот натревар со Италија, со резултатски пресврт од 28 до 30 минута, останавме „тенки“ во кругот од три репрезентации. На тој начин се формираше круг од три селекции со освоени 6 бодови. Во истиот имавме најлоша гол разлика и така ја загубивме шансата преку бараж да обезбедиме пласман Светското првенство.

Поради овие причини работам во футсалот цели 14 години. Голем подвиг и историски успех. Многумина беа скептици. Но по настапот во Бари докажавме дека можеме да им парираме на селекците од самиот врв. Момците беа одлични и заслужуваат да имат третман на спортски херои. Неможам да опишам со зборви. Ова му го посакувам на секој спортски работник. Браво за момците уште еднаш,горд сум на нив.Не би сакал да го коментирам крајниот резултат од средбата Италија-Словачка. Нека им служи на чест. Тоа се коси со сите спортски норми. “ – изјави селекторот Васко Скендеровски.




   
   
А репрезентација