Фудбалот на прво место. Апел за фер и достоинствено навивање на мечот Шкендија - Карабах

Објавено на 05 Август, 2025 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ѝ посакува успех на ФК Шкендија на вечерашниот натпревар во Лигата на шампионите против Карабах. 

Веруваме во тимот и се надеваме дека и понатаму ќе нè радува со настапите во европските купови.

Во пресрет на вечерашниот  натпревар, апелираме до сите навивачи и љубители на фудбалот да навиваат спортски. 

Упатуваме повик до сите присутни да не подлегнуваат на провокации и да одбегнуваат навреди по било каква основа. 

Само со фер-плеј, достоинствено однесување и заедништво, чекор по чекор, да докажеме дека македонскиот фудбал може да напредува, на теренот и надвор од него.

Фудбалот обединува. 

Не смееме да дозволиме провокациите и навредите да бидат пред фудбалот, спортските и човечките вредности.

Да покажеме дека знаеме да навиваме со страст, но и со почит. Фудбалот на прво место! 



   
   
А репрезентација