Семинар за Национална Б лиценца за тренери на голмани

Објавено на 22 Август, 2016 во Вести, Семинари


Центарот за едукација при Фудбалска федерација на Македонија согласно УЕФА тренерската конвенција и програмата за едукација на тренери-специјалисти, објавува упис на тренери кандидати за семинар за Национална „Б“ лиценца за тренери на голмани. Семинарот ќе се одржи во Скопје на терените на тренинг центарот “Петар Милошевски“ и „Куќа на фудбалот“  од 6. до 9. Септември 2016 година.

Програмата за овој семинар е направена во договор со координаторот за едукација на тренери на голмани во одделот за едукација во УЕФА – Паки Бонер и менторот за ФФМ -  Јан Ерик Стинесен кој ќе биде присутен на семинарот.

Овој семинар е прв и задолжителен дел од програмата за добивање на УЕФА „А“ диплома за тренери на голмани која во иднина ќе биде задолжителна за тренерите на голмани во Прва МФЛ, семинарот за оваа диплома ќе следи по комплетирање на теоретско-практичните задачи од програмата за Национална „Б“ лиценца за тренери на голмани.

Услови кои тренерот-кандидат треба да ги исполни за пријавување на курсот за Национална „Б“ лиценца за тренери на голмани се:

-Да поседува валидна УЕФА „Б“ Диплома;

-Да има најмалку 1 (една) година тренерско искуство во работа со голмани во сенироска или младинска конкуренција (клуб или репрезентација)

-Уплата од 150 евра во денарска противвредност на сметка на ФФМ (сметка: 300000001599760 Комерцијална Банка)

Пријавите заедно со комплет документација да се достават во Центар за едукација на ФФМ, лично или по пошта на адреса Бул. АСНОМ бб, 1000 Скопје, најдоцна до 19. Август 2016 година.

Центар за едукација




   
   
А репрезентација