Седница на Управен одбор на ФФМ

Објавено на 16 Јануари, 2019 во Вести


На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:

-У.О. на ФФМ донесе одлука Редовното Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија да се одржи на 17. март 2019 година. На Собранието кое е закажано во Охрид една од точките на дневен ред ќе биде избор на претседател на ФФМ.

-У.О. на ФФМ донесе одлука билетите за претквалификацискиот турнир во футсал за Светско првенство кој го организираме од 31. јануари до 3. февруари 2019 година да се продаваат по цена од 200 денари. 



   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација