Репрезентацијата до 17 години на турнир во Варшава, Полска

Објавено на 26 Август, 2014 во До 17 год



Македонската репрезентација до 17 години ќе учестува на меѓународен турнир „Sirenka CUP Turniment Memo“ од 25 до 30 август. На турнирот во Полска покрај домаќинот и нашата селекција настапуваат уште шест репрезентации поделени во две групи. Македонија е во групата  „А“ зедно со малдите национални тимови  на: Полска, Латвија и Норвешка. Во групата „Б“ се: Шведска, Северна Ирска, Белгија и Украина.

Според претходно утврдениот распоред прв противник на момчињата во „црвено-жолта“ опрема е Норвешка. Оваа средба се игра денес со почеток во 17.30 на стадионот „Агроколола“ во Варшава . Утре, зависно од тоа дали ќе победиме или загубиме, ќе играме со подобриот или поразениот од вториот пар во нашата група: Полска-Латвија.

На списокот на Боби Стојковски за оваа репрезентивна акција повикани се следните фудбалери: Филип Трајчевски, Ристе Јанков, Филип Гичевски, Белмин Чуљевиќ, Антонио Митрев, Виктор Стојковски, Кирил Ристовски, Тодор Тодорвски, Давор Здравковски, Милош Тошевски, Семир Љумани, Агон Хани, Есмин Личина, Дарко Додев, Милан Ристовски, Емил Абаз, Михаил Маневски и Албен Сулејмани.




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација