Репрезентација до 19 години: Нерешено против Кипар во Никозија

Објавено на 11 Мај, 2016 во Вести, До 19 год


Младата македонска фудбалска репрезентација до 19 години одигра нерешено 2:2 на првиот од двата пријателски мечеви во Никозија против врсниците од Кипар.

Селекцијата на Македонија одигра одличен натпревар во кои создадовме неколку одлични шанси, но реализиравме две за да ја неутрализираме предноста на кипарците. Голем удел за конечниот резултат имаше пристрасното судење во корист на домаќините и недосудениот очигледен пенал врз Елиф во второто полувреме.

Албан Сулејмани погоди во 23-та минута за да израмни на 1-1 откако Папаконстантину го отвори мечот со гол во осмата минута. Михал Матиаиоу погоди за второ водство на Кипарците во 54. минута, а Давор Здравковски израмни во финишот од мечот.

Селекцијата в четврток од 16:00 чапсот ќе го одигра вториот меч со Кипар.

МАКЕДОНИЈА: Ристо Јанков, Виктор Стојковски, Михаил Маневски, Елим Ељив, Нехар Садики, Есмин Личина, Даниел Миловановиќ, Ердон Даци, Милан Ристовски, Давор Здравоковски, Албан Сулејмани;






   
   
А репрезентација