Репрезентација до 19 години: Македонија ќе одигра два контролни натпревари против Кипар во Никозија

Објавено на 06 Мај, 2016 во Вести, До 19 год


Репрезентацијата на Македонија до 19 години од 8. до 13. мај во кипарска Никозија ќе одигра два контролни натпревари против домашната селекција до 19 години. Првиот дуел е закажан на 10. мај во 16:30 часот, додека возвратната пресметка се игра во истиот термин два дена подоцна. Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Јетон Несими за двата пријателски натпревари против Кипар ги повика следните фудбалери:

Голмани: Филип Трајчевски (Вардар), Ристо Јанков (Работнички);

Одбрана: Антонио Митрев (Металург), Нехар Садики (Еуромилк), Есмин Личина (Вардар), Тодор Тодоровски (Металург), Агон Хани (Младост Ц.Д.), Михаил Маневски (Академија Пандев), Виктор Стојковски (Металург);

Среден ред: Албан Сулејмани (Ренова), Алпај Јусуф (Милано), Давор Здравковски (Македонија Ѓ.П.), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Шефит Шефити (Шкендија), Дарко Додевски (Вардар), Кристијан Ацковски (Работнички);

Напад: Милан Ристовски (Работнички), Дарко Додев (Металург), Ердон Даци (Вардар), Марио Крстовски (Хоризонт Т.);

Нашата селекција до 19 години се подготвува за квалификацискиот турнир за пласман во Елитната рунда на УЕФА. На средината од месец октомври, Македонија ќе игра во група со домаќинот Полска, Словачка и Северна Ирска.



   
   
А репрезентација