Репрезентација до 18 години: Победа со 2:0 над Албанија

Објавено на 16 Јуни, 2016 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија до 18 години во контролен натпревар против селекцијата на Албанија издвојува победа со 2:0.

Нашата репрезентација го одигра дуелот на едно високо ниво, создаде многу повеќе можности за погодок од својот противник и сосема заслужено на крајот славеше победа со 2:0. Трапановски рано уште во 7. минути погоди за предност на нашите фудбалери. Во продолжението од средбата пропуштивме многу добри прилики за постигнување погодок. Конечните 2:0 ги постави Митровски во 40. минута. Треба да се напомене и  дека избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ играа со играч помалку уште од 25. минута од средбата.

МАКЕДОНИЈА: Стевковски, Тодоровски, Маневски, Кировски, Митрев, Мена, Атанасов, Станковски, Митровски,Трапановски;



   
   
А репрезентација