Репрезентација до 16 години: Македонија славеше во Братислава против Словачка

Објавено на 07 Јуни, 2016 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 16 години оствари победа од 3:1 против Словачка на првиот од двата контролни натпревари на гостински терен. Нашата кадетска селекција одигра одличен натпревар против квалитетниот противник и сосема заслужено се радуваше на победата. Избраниците на селекторот  Добринко Илиевски постигнаа три погодоци, а во текот на средбата не реализиравме уште најмалку три одлични шанси за гол. 

Бојан Колевски во 17. минута ни донесе предност од 1:0, а Дарко Чурлинов ја удвои во 24. минута. Домашната репрезентација во 34. минута успеа да намали на 2:1, но Фазлагиќ во 43. минута ја врата позитивата за Македонија од два гола.

Двете селекции во четврток ќе го одиграат возвратниот контролен натпревар. Нашата селекција ја забележа четвртата победа во низа по успехот минатиот месец кога го освоивме развојниот турнир на Уефа во Сан Марино. 



   
   
А репрезентација