Осми пораз на женската репрезентација на Македонија во квалификациите за Светското првенство во Канада 2015 година.
Македонската репрезентација до 17 години ќе одигра два контролни натпревари против Романија во Букурешт на тренинг центарот на Фудбалската федерација на Романија. Натпреварите ќе се одиграат на 17 и 19 јуни 2014 година.
Македонската репрезентација до 18 години го освои четвртото место на меѓународниот турнир “Стефан Нештицки“ во Нови Сад, Србија.
Женската А репрезентација на Македонија ја прекина серијата порази во квалификациите за пласман на СП во Канада.
Македонската А футсал репрезентација славеше убедливо на двата контролни натпревари против Бугарија одиграни во Куманово и Скопје.
На 15 јуни нашата женска сениорска репрезентација ја очекува реваш натреварот против Естонија ( во првиот натпревар нашите изгубија со резултат од 0:2) во рамките на втората квалификациска група за СП во Канада 2015 година.
Македонската А футсал репрезентација ќе одигра два контролни натпревари против Бугарија на домашен терен во Куманово на 14 јуни (сабота) во 19.00 часот и во Скопје во салата “Расадник“ на 15 јуни (недела) во 11.00 часот.
Репрезентацијата на Македонија до 18 години од 13 до 15 јуни ќе учествува на меѓународниот турнир „Стеван Нештицки“ во Нови Сад, Србија.
Македонската селекција до 19 години го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Словенија и загуби со 0:2 (0-1). Пред два дена двете селекции одиграа нерешено 2-2.
Управниот одбор на ФФМ денеска на својата редовна седница донесе одлука Бобан Бабунски да се разреши од должноста селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година и да се раскине договорот.