Започнаа подготовките на женските репрезентативки до 17 години

Објавено на 01 Август, 2014 во До 17 год жени

Женската репрезентација на Македонија до 17 години од 4 до 7 август ке учествува на УЕФА развојниот турнир кој ќе се одржи во Стара Пазова (Србија).

На турнирот учество ќе земат и репрезентативките од Србија и Босна и Херцеговина. Овие фудбалерки се родени 1997, 1998 и 1999 година.Нашата млада селекција првиот натпревар ќе го одигра на 5 август против домашната репрезентација на Србија. Наредниот ден на 6 август во истиот термин силите ке ги одмериме со селекцијата на Босна и Херцеговина.

Селекторот Кирил Изов ги повика следните фудбалерки: Магдалена Левковска (Топ Гол), Китанова Биљана (Топ Гол), Ивана Илијоска (Топ Гол), Сара Хусеин (Топ Гол), Мила Талевска (Топ Гол), Тамара Јанковска (Топ Гол), Јана Чубриновска (Фудбалска Школа Џипунов), Елена Петровса (Единство), Симона Јанкуловска (Единство), Елма Шешмовиќ (Борец), Анастасија Митревска (Рецица), Викторија Панчурова (Тиверија Истатов), Павлина Николовска (Тиверија Истатов), Александра Симоновска (АС Јунајтед), Весна Танеска (АС јунајтед), Максути Улза (АС Јунјатед), Николина Трајковска (Кочани), Благонова Ана (Кочани), Крстановска Симона (Кочани) и Скерлеска Стефани (Конзули).

„Што се однесува до овие две средби влегуваме во комплетен состав. Дополнително сме засилени со Симона Крстановска и Стефани Скерлевска.Иако се родени 1997 година имаат право на настап на овој развоен турнир. Нашиот приоритет е да им дадеме шанса на сите повикани фудбалерки бидејќи овие два натпревари ни се последна подготовка пред октомвриските квалификации во нашата земја. Без разлика со кој состав ке настапиме, резултатот во ниеден момент нема да биде во втор план." изјави селекторот Изов. 

Подготовките за развојниот турнир започнаа вчера во Скопје и ќе траат до 3 август. Селекцијата на Македонија на октомврискиот квалификациски турнир се наоѓа во група со Данска, Турција и Казахстан.



   
   
А репрезентација