Објавено на 20 Април, 2024 во Вести
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одржа своето Редовно генерално Собрание. На Редовното генерално Собрание беа присутни 58 од вкупно 60 делегати кои ги ги усвоија следните точки од дневниот ред.
- Завршна сметка за 2023;
- Извештај од независен ревизор за 2023;
- Извештај од Надзорен одбор за 2023;
- Потврдување на одлуката за суспензија на ОФС Струмица;
- Усвоен извештајот од претседателот и Управниот одбор на ФФМ;
- Извештај од администрацијата за исполнување на стратешките планови;
- Усвоен е буџетот за 2024 година;
Генералниот секретар на ФФМ, Наталиа Илиевска Божиновска во своето обраќање истакна дека федерацијата има одлична соработка со Општинските фудбалски Сојузи, како своја база, но и ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА.
Наталиа Илиевска Божиновска - генерален секретар на ФФМ:
„Од мое лично и од име на Фудбалската федерација на Македонија би сакал да истакнам дека имаме извонредна соработка со сите вас и би сакал искрено да ви честитам на досегашната работа. Да ви посакам многу среќа, сила и успех во соочувањето со новите предизвици.
Како дел од ФФМ, среќни сме што во Општинските фудбалски Сојузи имаме одличен партнер. На тој начин градиме уште посилна федерација со подобра структура, но и одлични односи со другите асоцијации.
Секогаш ќе ја помагаме својата база. Затоа и во иднина ќе ве повикувам да разговарате, да се борите, да работиме заеднички, да даваме придонес во насока на унапредување на македонскиот фудбал.
Ние сме еден тим. Тоа значи дека заеднички се трудиме да одговориме на сите, па и на тешки прашања и проблеми. Мораме и во иднина јасно да го препознаеме секој проблем и јавно да ја посочиме неправилноста на која наидуваме.
Како ФФМ, се трудиме фудбалот да биде модел - место каде што се почитуваат правилата и им се дава шанса на сите.
Ние сме мала федерација, но добиваме многу од нашите пријатели од УЕФА и ФИФА. Тие се нашите партнери. Организации кои навистина се грижат за вистинските фудбалски вредности. Организации кои им даваат целосна поддршка на сите свои членки кои имаат за цел да реализираат значаен проект за нашиот спорт.
Во продолжение видео од прифатениот Годишен извештај на администрацијата на Фудбалската федерација на Македонија согласно стратешките планови.
Цената на влезница за натпревар изнесува од 200 и 400 денари....